СТО БОЛДЕРИ ПОД МАРКУКУЛЕ

Околу сто авантуристи – болдери од Македонија, Франција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Грција, Албанија и Русија ќе учествуваат од денеска до недела на шестиот меѓународен болдер маратон на локалитетот “Камена баба” на Маркови кули кај Прилеп. Качувачите на вертикални карпи без помагала, туку само со прстите од рацете и нозете, оценуваат дека стените во околината се најдобри терени за болдеринг во светот.

Локалните  власти најавија можност за инвестирање во развој на ваквиот вид алтерантивен туризам.

Loading