ДЕТЕ ВО ПЕСОК

Додека возрасните ги боли главата како да ги наредат плочките покрај пропаднатиот камион со асфалт во каналот зад поштата, едно дете си открило  соодветна песок, која е подлога за бехатонот, да си поигра како на плажа, небаре е јули. Од зрнцата песок се родила идеја за детска игра без граница. Детето си донело од дома кофичиња, лопатчиња, камиончиња, булдожери и му се фрлило на белата песок да биде рамен на градителите, на чичковците мајстори. Тоа малку размислува за безбедноста, но камерата на Фан продукција го овековечи неимарскиот дух на ова дете.  

Loading