ИТАР ПЕЈО СТАНА НУДИСТ

Пејо, како и сите нудисти во Австралија во слободното време, кога Австралијанката се одмарала се слекол огул гол, легнал и се покрил со песок, оставајќи ја само главата да му ја пече сонцето и да гледа голи жени.

Врви една, прескокни го, друга, препни се и на него и падни врз него, трета се опчекорила над неговата глава, а нему му текнало и му се кренало да простите таквото, она де, мочалото. Народот полегнал еден до друг како риби во конзерва, а на Пејо тоа срамотното му се исправило како кол, тики како стожер во гумно.

Врват редарите да чинат ред на плажата и го забележуваат Пејовото мочало исправено и извишено над песокта. Еден од нив го подудрил и го опоменал.

– Што е бре ова, не смееш овде на плажава да правиш, демек, срамни работи!

– Кое бре? – одговорил Пејо.

– Тоа не е море, бреј што мислите вие, ами е саат.

– Каков саат бре? – тие налутено пак прашаат.

– Саат што работи на сонцето – одговорил Пејо.

– Кога е саат, кажи колку е часот? – налутено викнал редарот.

Пејо погледнал во сенката и одговорил:

– 11, 30 мин.

Редарот погледнал на својот часовник и забележал.

– Назад е, сега е 12,30.

А Пејо на тоа:

– Бре, јас будалинка, заборавив да го курдисам.

И почнал да го лачка и точка.

Тоа пустинското нараснало уште повеќе и тој задоволно додал.

– Е сега е точно 12,30 часот – и си прилегнал.

Редарите се насмеале и го оставиле мирно да одмора.

Loading