“ЕВАНГЕЛИЈА ПО СЕБЕ “ НОВА ПОЕМА ОД БАШЕСКИ

Наскоро ќе се промовира најновата поема “Евангелија по себе “ од поетот Петар Башески. Книгата е 17 -ти поетски изблик со цивилизациски и историски придобивки, оти, како што вели Башески, Македонците се едни, единствени и неповторливи.

– Поемата е еден пев со 1746 стихови. Пеам за мене, за Македонија низ Петрета, за историјата. Нема ништо, освен вистина која се доживува како препрочитување. Стиховите се  плод на мојата душа – вели авторот.

Башески е автор на повеќе стихозбирки (Нож во каменот, Чувари на кулите, Вестител и др.) на повеќе поеми (Апостолот, Маглите на Кајмакчалан). Книгите се објавени на англиски, француски, италијански, турски, српски јазик и на есперанто. Добитник е на повеќе награди. 

Loading