МОЗАИЦИТЕ НА БОГОЕСКА ВО КУМАНОВО

Мозаиците на уметницата Александра Богоеска се презентирани на изложба во Куманово, заедно со делата од колегите Андријана Даниловиќ, Даниела Рупиќ, Петар Вујошевиќ, Мирослав Лозовиќ, Биљана Велиновиќ и Александар Станоев.

Богоеска вели дека за мозаиците, како специфична техника потребно е трпение и време. Прави поврзување на каменот, создавајќи ги мозаиците. Едноставно кажува дека му дарува душа на каменот.

– Најпрво треба да се собере каменот, потоа да се осмисли и добро да се сложи. Во мозаиците застапени се флората и фауната, но не изостануваат ни религиозните теми – вели Богоеска.

Досега Богоеска имала повеќе самостојни изложби, а учествувала и на повеќе групни претставувања и на ликовни колонии.

Loading