ВОДА УШТЕ ОД ДЕСЕТ БУНАРИ ЗА 1,1 МИЛИОН ЕВРА

Уште 140 литри вода во секунда, ЈП Водовод и канализација им пушти на располагање во славините на прилепчани. Градските власти велат дека градот е обезбеден со вода и во најсушните периоди, кога е намалена дарежливоста на главниот снабдувач на градот, водоводот Студенчица. Инвестицијата заедно со препумпната станица изнесува 1,1 милион евра. Парите се од Министерството за транспорт и врски од јавното претпријатие.

Градоначалникот Марјан Ристески е задоволен што се сметнува од дневен ред животна тема на граѓаните.

Со замената на старите азбестни цевки и со поставувањето на нови на дваесетина километри од градската мрежа, загубите на вода се паднати од 65 на 40 отсто.

Инаку, продолжува менувањето на старите дотраени цевки низ кој исчезнуваат огромни количества вода за пиење.                                                                                               

Loading