НАСКОРО НОВА АВТОБУСКА СТАНИЦА

Се подготвува теренот за градба на новата модерна автобуска станица кај железничката станица. Градските власти постепено создаваат современ транспортен центар со трговски центар и бензинска пумпа. 

Новата автобуска ќе има чекална, билетара, тобако и други придружни објекти, со што ќе се подигне квалитетот на услугите за патување и ќе се вработат педесетина невработени. Инвестицијата е приватен проект од еден милион евра на фирмата Пелагонија бус.

Локалната самоуправа ќе ја дотерува околината со тротоарите, зеленилото, осветлувањето и сообраќајно уредување со кружни текови.

Loading