ВЛЕГОА ПАРИТЕ ВО ЏЕБОТ ЗА ТРУДОТ

Државната поддршка пристигна кај тутунарите

Се офајдија тутунарите. Со добрата економска политика на Владата, се исплатија субвенциите. Влегоа во џебот државните пари за тутунарите, веднаш по законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите што беше 15-ти март. На тутунарите од нашава и соседните општините Долнени, Кривогаштани, Крушево им се исплатени 14 милиони евра. Парите од државната поддршка навреме пристигнаа, бидејќи почнуваат подготовките за новата реколта и трошоците за расадопроизводството, орањето на површините и за ѓубривото. Раат ќе се посветат на новото тутунопроизводство, а ќе живне и прилепската чаршија.

Редици се направија пред банките за пет компании, а се очекува да се средат податоците за кооперантите за уште три компании.

– Најнапред започнаа исплатите од пет компании, а потоа од Тутунски комбинат, Центротабак од Велес и за Далија од Делчево.  Ориенталниот тутун се бара на светскиот пазар. Годинава се очекува зголемување на родот, иако ланскиот беше поголем од очекувањата и достигна до 27.000 тони. Се очекуваат 13.000 тутнари годинава – вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија .

Тутунарите се задоволни од исплатата на субвенциите. Според Сојузот на тутунските здруженија, државното субвенционирање е главна поддршка за тутунопроизводството.

– Имав 500 килограми тутун и ќе земам 500 евра како субвенции со кои комотно ќе посеам повеќе леи од лани – вели тутунар.

За ланската реколта, Владата обезбеди 26 милиони евра субвенции за тутунарите. Аграрната политика е приоритет во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Земјоделците нека се потсетат на владеењето на СДСМ, кога со протести изнудените 15 денари субвенции по килограм предаден тутун само ги ветија, а не ги исплатија! И нив ги исплати Владата на ВМРО – ДПМНЕ во 2006-та година. Пратениците на СДСМ гласаа против потта на тутунарите, непроспиените ноќи на сточарите и трудот на жетварите. Гласаа против Законот за земјоделство и рурален развој – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Околу 3500 кооперанти на Тутунскиот комбинат ќе ги добијат денеска парите со што целосно ќе се заокружи исплатата на субвенциите за тутунот.

Ставревски во Прилеп

ПАРИ ЗА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Покрај исплатата на 26 милиони евра за тутун, исплатени се и останатите средства за поддршка на земјоделците.

– Исплатени се 352 милиони денари за поледелските култури, за пченица, пченка, јачмен, просо, детелина и за оризот. Буџетот е во добра кондиција и продолжува,е со поддршка на земјоделците – рече вицепремиерот Зоран Ставрески. 

Loading