Регионален саем на книга во книжарница Викели
“Саемот на книгата се организира да се анимираат граѓаните да даруваат вредност, што ќе остане во трајно сеќавање. Да подарат книга, и да се запознаат со новините во издаваштвото”.
Ова го изјави Андријана Ристеска, директор на книжарницата Викели, која организира регионален саем на книгата до утре.
За Осми Март не само што се продаваат книги со попуст од 10 до 15 отсто, туку се популаризира читањето и се промовира хрватската издавачка куќа Профил медија.
– Пренесуваме 200 најбарани наслови, литература, речници, лексикони, детски изданија во светот за 2012 година, како и книгата “Најздравите продукти во светот” на македонски јазик – вели Миле Анастасов.