РИСТЕСКИ И ПОДАРИ ЛАПТОП НА ВИКТОРИЈА

Пред Нова Година, градоначалникот Марјан Ристески, додека бил во посета на подрачното ОУ “Кочо Рацин”, ја исслушал желбата на 15 годишната Викторија Тошеска за лаптоп и интернет. Само таа во класот ја немала привилегијата што денес е неопходност, како дете без родителска грижа и одгледувана во згрижувачко семејство. Ристески, сонот на Тошеска í го направил јаве. Осмоодделенката изрази неизмерна радост кога градоначалникот í подари ганц нов лаптоп. Фирмата Кабелнет, како социјално свесна компанија, í овозможи на Викторија 24 месечен бесплатен интернет.

Срамежливата Тошеска не сакаше многу да зборува од возбуда и благодарност. Градоначалникот посака успех во учењето и í порача лаптопот да го користи за образовни цели и за вклопување во новата информатичка ера.   

Loading