СПОМЕНОТ Е ВЕЧЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ 10 БРАНИТЕЛИ

Одбележана 11 годишнината од Карпалак

Незаборав за Сашо Китаноски, Нане Наумоски,  Веби Рушидоски,  Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и  Дарко Вељаноски

Со длабока почит, болка и незаборав се одбележа годишнината на 8 август кога пред 11 години загинаа 10-те резервисти кај месноста Карпалак за време на воениот конфликт.  Пред спомен-комплексот “Карпалак”, во чест на загинатите прилепски бранители, семејствата на загинатите, соборците, претставници на АРМ, на локалната самоуправа, политичките партии и граѓаните положија свежо цвеќе и венци на спомен плочата на која се испишани имињата на резервистите. Цвеќе положија градоначалникот Марјан Ристески и владини претставници: Никола Тодоров, министер за здравство, Панче Кралев, министер за образование и наука и Емил Димитриев, заменик министер за одбрана.

– Тагата е чувство, кое кај секого се манифестира различно. Таа, со својот интензитет и сила, се врежува во меморијата на почитувачите. Тагата потсетува колку некои личности ја определувале смислата на нашите животи и на нашата заедница. Ако се свртиме наназад, ќе забележиме дека уште посилна е нашата увереност во исправноста на вредностите и на визиите за кои се залагаа нашите синови, татковци, браќа, чичковци, пријатели, нашите сограѓани. Денес, исправени пред предизвиците со кои се соочуваме, сфаќаме дека единствено исправна е искреноста и љубовта кон својот народ, токму така како што тоа го направија  Сашо Китаноски, Нане Наумоски,  Веби Рушидоски,  Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и  Дарко Вељаноски. Тагата кон нивните трагично прекинати животи ја делиме, иако таа најдлабоко ја чувствуваат семејствата. Знаеме дека некои нешта едноставно не можеме да ги вратиме, но најмалку што може да направиме е да го негуваме и да го почитуваме нивното дело.  Тоа го правевме во периодот зад нас и ќе продолжиме да го правиме во годините што претстојат. Како учесник на Карпалак, настанот не се заборава, доживеавме трагични момент. Ова смомен обележје е она што најмалку можевме да направиме, а што ќе не потсетува за нивните прерано зграснати млади животи – рече градоначалникот Марјан Ристески.

{vsig}AKTUEL/217/galerija{/vsig}

Во колективната меморија на Прилеп и Македонија ќе останат запаметени  имињата на резервистите чии животи згаснаа во воениот конфликт на 8 август 2001 година кога армискиот конвој наиде на заседа кај месноста Карпалак. Но останаа неодговорени прашањата за моментите кога се бранеше независноста, територијалниот интегритет и суверенитет.

– Нивните животи се втемелија во идеалите и на илинденците и на придобивките од НОБ. Ние ја дочувавме Македонија да не биде разнебитена. Македонија е мала земја, но мултиетнички сме настроени – вели Светозар Ѓорѓиески, преживеан од Карпалак. 

Со цвеќе беа закитени и нивните вечни почивалишта. Се одржа и панихида во црквата “Свето Преображение”, а беше посетена и спомен собата и споменикот во кругот на касарната, а преживеаните резервисти се собраа и во манастирот Света Петка во Лениште.                                                                                                                                      

Loading