“Прилепски бранители” се вика новиот кружен тек на сообраќајот што се даде во употреба за 11 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители кај Карплак.
– Кружниот тек, каде се вкрстуваат булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Димо Наредникот”, е пофункционално решение за олеснување на сообраќајот. Името е избрано поради значајното учество на прилепските бранители и паднатите жртви во конфликтот во 2001 година. Во центарот, наскоро ќе биде поставен споменик – скулптура, висока 15 метри, која ќе сведочи за придонесот на прилепските бранители во зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на земјата. Скулптурата ќе е и паметник за идните генерации – рече градоначалникот Марјан Ристески,
Во уредувањето на просторот, заедно со новиот асфалтен слој на уште неколку стотина метри од Булеварот, локалните власти потрошија околу девет милиони денари.
Лани, за десетгодишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители, локалната самоуправа крена обележје од триесетина метри со кружен тек на сообраќајот со име Карпалак.