НЕИМАРСКИ ВЕШТИНИ НА ФЕР ПЛЕЈ СО ЛИЦЕНЦА

Фирмата Фер плеј на Владимир Ѓорѓиоски повеќе од една ипол деценија се занимава со градежни работи. Мајсторилаците им се познати во градбата на ѕидови, армирања, шеловања. Изведуваат и чатии и покриви, редат плочки во дворови, фасадираат, малтарат, односно градат по системот клуч на рака. Фах на фирмата е и изолацијата. Стручнаците прават дренажи и отстрануваат влага. За Фер плеј не е непознато и ново внатрешното реконструирање, интсталациите на водоводни и канализациски и електро мрежи. Умешни се и со монтажата на санитаријата, керамички, бекатон и плочки од камен. Нивни мајстори изведуваат и гипс картонски уредувања на домовите. Дури редат ламинати и паркети. Молерисувањето не им е слаба страна.

– Проектираме внатрешен и надворешен простор со комплетно дизајнирање. Во градежништвото сум 1995 година. Располагаме со архитекти, инженери, мајстори од разни профили. Сега сме 12-ет мина. Работиме и нови индустриски објекти, хали, згради, куќи, фасади… Не сме подизведувачи, туку комплетно ги преземаме и изведуваме објектите – вели Ѓорѓиоски. 

Претежно се ориентирани во Прилеп. Соработуваат и со локалните власти. 

– Ја градевме камената бина на плоштадот, манастирските конаци во Прилепец, халите од Ролоспас, дуќани во чаршијата… – објаснува сопственикот.

Тој не се жали, оти бизнисот добро му оди, освен што не е поштеден од трендот на потешка наплата на сработеното.

– Соработуваме главно со инвеститори од странство, на кои, не само што им изведуваме објекти за бизнис или домување, туку сме им еден вид сервис за реализација на инвестициските зафати од техничко формалните процедури до деталните урбанистички планови. Имаме комуникација со странци, кои сакаат да вложуваат – објаснува Ѓориоски.

Фер плеј последниве години се ориентира и на изработка на студии за рурален туризам, вклучувајќи експерти од институти и факултети од земјава.

Loading