ПАРИ И НАВИКИ ОД ЕУ

Винета Иваноска, одделение за локален економски развој и прекугранична соработка

Изработени се и акциони планови за вработување

Локалниот економски развој е сеопфатен процес со кој општината го унапредува квалитетот на живеењето со создавање на стопанска и општествена благосостојба. Што презема општина Прилеп во таа насока?    

            – Локалната самоуправа е главниот двигател на локалниот економскиот развој или, како локална власт ги посочува економските потреби, заради побрз стопански развој, привлекување на нови и зачувување на постојните бизниси, маркетинг, користење, располагање и управување со недвижен имот, креирање на локалната даночна политика, образование и обука, развој на малите и средни претпријатија, одржување на општинската инфраструктура. Локалниот економски развој претставува сѐ што општината може да го направи за подобрување на економијата и социјалната благосостојба на граѓаните.

            За привлекување на нови инвестиции, одделението врши промоција и комуникација со потенцијалните инвеститори?

            – Активно се вклучивме во промоцијата на новата индустриска зона Прилеп 1. Ги следиме сите повици за доставување на проектни апликации. Цел ни се фондовите на ЕУ и ИПА програмата. Се следат обуки за зајакнување на човечките ресурси и капацитетите за успешна подготовка на проектни апликации, кои се доста обемни и бараат одредени специфични квалификации. Се користат финансиски средства од овие фондови, а имплементацијата овозможува стекнување на знаења и искуство за работа по стандардите на ЕУ. Сме следеле обуки од Секретаријатот за европски прашања,  УСАИД, УНДП, ГТЗ, ЗЕЛС, МЦМС, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, ПРЕДА, ЦГИ и други. Насочени сме кон планирање и утврдување на стратегиските приоритети за локалниот економски развој, поддршка на развојот на малите и средни претпријатија, занаетчиството, угостителството и туризмот, руралниот и регионалниот развој. Се подготвуваат стратегиски документи и акциони планови. Изработена е Стратегија за локален економски развој за периодот 2007-2012, а се планира нејзино ревидирање. Изработени се и акциони планови за вработување, за вработување на Роми, за правата на детето. Учествувавме и во изработката на локалната младинска стратегија. Се планира и изработка на Стратегија за развој на екотуризам.

            Локалниот економски развој опфаќа повеќе области. Имате ли релации со другите сектори, одделенија, институции и организации. Кои се?     

            – Соработуваме со Регионалната стопанска комора и бизнис секторот од општинава, Економскиот факултет, Регионалната занаетчиска комора, Занаетчиската комора “Кобленц”, Агенцијата за вработување, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР), Ромскиот информативен центар, Младинскиот информативен центар и др.

ПРОЗОРЦИ, ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА, ПАТИШТА

            Колку се успешни проекти?

            – Носечки беше проектот за замена на столаријата на 10 училишни згради, за кои се обезбедија околу 400 000 евра од ИПА програмата, Проектот за набавка на опрема за Територијалната противпожарна единица, со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој. Реализирани се и проекти за развој на селата, за Големо Коњари и Подмол. Одделението учествуваше и во реализацијата на Форумите на заедниците, проектот на Комуналец – “Собирај ПЕТ за подобар свет”, “Социјални сервиси – заедничка одговорност”, проектот “Градиме партнерства”, “Промоција на туристичките потенцијали на Пелагонија” и др. Успешно реализирана е манифестацијата со двегодишна традиција “Денови на занаетчиството”, а даваме поддршка и на “Фестивалот на пивото”. Се реализира проектот на УСАИД – ЅЕС – Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување кај младите лица.

ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА

            Во почетна фаза е проектот “Развој на заеднички прекуграничен план за противпожарна заштита” (ФИРЕСХИЕЛД) за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција (ИПА – ИИ компонента). Соработувате со Лерин?

            – За прекуграничната соработка со Грција до 31 мај подготвуваме три проекти во областите зачувување на културното и природното наследство, поддршка на одржлив туризам – екотуризмот и развој на човечки ресурси – поттикнување на претприемништвото. Воспоставена е успешна соработка со Воден и Лерин. Кон крајот на февруари заврши третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија, каде Прилеп аплицираше проект за развој на рурален туризам во Мариово – Витолиште. Голем предизвик ќе биде вклучувањето во имплементацијата на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води, финансиран од ИПА програмата (ИИИ компонента) и Владата.

Loading