Во старата чашија, поставен е споменик на Пере Тошев, висок 2,4 метри, излеан во бронза за 100 годишнината од убиството. Споменикот е дело на скулпторот Емил Солески. Пере Тошев е човекот кој го даде животот за Македонија, а споменикот ќе биде за навек и потсет за следните генерации да се почитуваат делата на луѓето кои дале многу за Македонија – рече градоначалникот Марјан Ристески. Авторот на споменикот Солески бил воодушевен што го вајал револуционерот. Ристески најави поставување на споменици на Ѓорче Петров, на Блаже Конески и Круме Кепески и на гајдаџијата Пеце Атанасоски.