Хакирана страницата на Општината

Непознати лица вчера попладне ја “урнаа” заштитата на веб страницата на општината Прилеп и на неколку места ги избришале содржините, а на нивно место ги испишале своите “прекари”. Веројатно станува збор за не многу спремни “хакери”, затоа што беше само делумно променет сајтот, а голем број на содржините остааа достапни во оригиналната форма. Лаичките “хакери” се претставуваа со името З4Џ и, освен што го повториле името неколку пати, не ги промениле содржините. Избришани се само неколку слики. Администраторот на  страницата брзо ја кренал и ја вратил на услуга на коректните граѓани кои сакаат да се информираат за активностите на локалната самоуправа.

Loading