Микросам конструира машина за авионски крилја

Крилја за руски комерцијален авион, направени од композитни материјали, ќе излегуваат од машина, конструирана во фирмата “Микросам”. Проектот треба да се реализира до 2014 година. Според менаџментот, руска фирма ќе ја купи технологијата да ги произведува крилата и други делови на новиот авион. Потпретседателот Самоил Самак изјави дека Микросам преговора извоз на ваква технологија и за авиокомпаниите Боинг и Ербас. Покрај машините за крилјата на авионите, предизвик ќе е производството на роботи за креирање на труповите на авионите – изјави Самак. Инаку, Микросам ќе испорача машина за Индија, за производство на резервоари за гас. Очекуваме договори за машини за резервоари и за Русија, Бразил, Кина и Јужна Америка – изјави директорот Димитар Богданоски. Микросам не ја открива вредноста на зделките, само најави дека ќе гради нова хала за производство и монтажа на машините, каде ќе се ангажираат 20 нови инженери и работници.

Loading