Две нови локални линии

Македонски Железници Транспорт АД – Скопје Ве известува дека од 01.04.2012  покрај постоечките редовни возни линии воведува две нови локални линии на релацијата Прилеп – Битола – Прилеп. Тргнувањето на возот од Прилеп е во 06:40 часот, во Галичани е во 06:47, во Бакарно Гумно е во 06:53 часот, Тројкрсти во 06:58, Новоселани во 07:02, Лознани во 07:06 часот, во Даме Груев е во 07:19 а во Битола пристигнува во 07:28 часот. Од Битола поаѓа во 17:03 часот, во Даме Груев е во 17:18, во Лознани во 17:23 часот, Новоселани 17:26 часот, во Тројкрсти 17:30 часот, Бакарно Гумно во 17:35 часот, во Галичани е во 17:41 а во Прилеп пристигнува во 17:48 часот. Возниот билет во  еден правец  чини 98.50 денари, додека цената на  повратниот изнесува 158 денари. Повратниот возен билет за еден месец  изнесува 2 . 049, 00 денари, а додека повратен возен билет за ученици и студенти изнесува  1.734, 00 денари. Македонски Железници им излегува во пресрет на своите корисници со воведувањето на дополнителни линии, поврзувајќи ги  двата града за непречено функционирање во обврските. Уживајте во нашите услуги.

Со почит,

Македонски Железници Транспорт АД – Скопје

Loading