Ќе се гради ново основно училиште

Министерот Кралев во прилепското образование

Вложени пет милиони евра во образовната инфраструктура

“Приоритет на општината е отворање на ново училиште. Тоа ќе биде земено во предвид во Министерството при проекциите за в година, оти веќе се завршени тие програми. Бројот на учениците е стабилен, што е многу важен индикатор за тоа каде да се гради училиште, а станува збор за значителна потреба. Овие аргументи ќе бидат важни за инвестирање во ново училиште во Прилеп”. Ова го изјави министерот за образование Панче Кралев при посетата на неколку образовни институции каде се запозна со состојбите и имаше средба со градоначалникот Марјан Ристески. Министерот оцени дека е направен исклучителен напредок во инвестициите во инфраструктурата изминатите неколку години. Локалната самоуправа континуирано вложува во подобрување на условите во основните и средните училишта со помош на Министерството. Но, и со свои средства. Последните години вложени се 4 – 5 милиони евра за подобрување на инфраструктурата – изјави Кралев.

Министерот соопшти дека три училишта се влезени во програмите на Министерството.

– Воедно ќе се заменуваат прозорците, во друго ќе се менуваат инсталациите за греење, а во трето ќе се реконструираат санитарните јазли. Во две средни училишта има потреба од проширување за да се подобри квалитетот на образованието. Нормално, се врши и тековно вложување. За инвестициите во трите училишта, не е завршена постапката. Ќе биде околу 500 илјади евра, каде не се вклучени доградбите и спортските сали. Сé заедно, може да надмине 1,5 милиони евра. Наставниците иницираа идеи за подобрување на наставата. Локалната самоуправа ги презема обврските со децентрализацијата и одговара на високо ниво. Министерството стои целосно на располагање – порача министерот Кралев.

Дисперзираните студии ќе продолжат, иако интересот варира. Во Институтот за тутун функционираат студии за земјоделскиот факултет, каде интересот е поголем од лани.

– Министерство се грижи за овозможување повеќе можности, сите да се стекнат со високо образование, а одлуката е на студентите каде ќе се запишат. Ќе ги поттикнуваме студентите да се образуваат – заврши Кралев.

Средства за образование и од ЕУ

Градоначалникот Марјан Ристески оцени дека состојбата во училиштата е поинаква од пред 5-6 години кога се децентрализираа.

– Повеќе од пет милиони евра е инвестирано во основните и средните училишта. Се градат две училишта во селата Галичани и Беровци. Во план е новото училиште во градот. Мислам дека ќе пристапиме кон реализација или со овој или со наредниот буџет,. Повеќе пари се издвојуваат и од сопствениот буџет, а за капитални од министерството и разни фондации и фондовите. Прилеп е најголеми корисник на средства од надвор, вклучувајќи ги средствата од 500 илјади евра од кинеската влада. Бараме и други извори, како на пример, фондовите на ЕУ – рече Ристески.

Тој додаде дека спортски сали се градат во СОУ “Ристе Ристески –  Ричко” и во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, а после ќе градат во основните училишта.

Loading