Штедење струја со преполовено уличното осветлување

Локалните власти штедат струја со редукција на уличното осветлеување за да придонесат да не дојде до нарушување на електро – енергетскиот систем во земјава. Следниве две недели градот ќе биде во полумрак. Преполовено е уличното и осветлувањето на спомениците. Се врши исклучување само на една страна на улицата, каде има осветлување од двете страни или се остава секоја втора светилка. Со временото намалување на осветлувањето до крајот на месецот ќе заштедиме 400 илјади денари, иако со инсталацијата на околу 7500 штедливи светилки, потрошувачката е намалена за 50 отсто и штедиме годишно 200 илјади евра. Средствата ги вложуваме во нови битки со мракот и поставување на нови светлосни столбови. Им сугериравме на институциите на нужноста за штедење струја – вели градоначалникот Марјан Ристески. И бизнисмените ги редуцираа осветлувањата на излозите на дуќаните и на светлечките реклами.

Loading