Се урна покривот на пазарот

Тежината на снегот урна неколку десетици метри од покривот на градскиот пазар. За среќа, немаше повредени, а изведувачот, по еден ден клуч на вратите, го оспособи пазарот за продолжување на функцијата. Пецо Димоски, директорот на ЈП Пазари, вели дека биле почитувани сите законски аспекти при реализацијата на инвестицијата за покривање на пазаро. Според продавачите на чај, огроминиот снежен товар не го издржале челичните конструкции и попуштиле под притисокот на снегот. Паднаа два – три реда од покривот за пет минути. Нема повредени. Покривот се урна на еден метар од мене, а колегата Арсоски се наведна и сета среќа што покривот не падна до земјата, инаку ќе го потиснеше. Немаше муштерии, оти беше понеделник. Ќе имаше жртви, да беше среда или сабота. Попуштиле заварените делови на конструкцијата – вели Кире Димески – продавач на чај. Продавачаот Раде Маркоски имал среќа што инстинктивно се наведнал, а покривот не паднал сосема. Излегував и влегував од пазарот. Почна да крцка покривот и се урина. Успеав да се наведнам, а покривот ми дојде на неколу санатиметри над главата. Некако се извлеков низ распаднатата конструкција. Под настрешницата остана велосипедот и чајот што го продавам – вели Арсоски. Стручнаците објаснуваат дека на дел покривот од пазарот се урнала огромна количина снег од соседните покриви. Тоа предизвикало концентриран товар на едно место, од што попуштил дел од покривот, кој пак, со домино ефект, се пренесол на останатите стобови. Директорот Димоски вели дека, според договорот и гаранциите, изведувачот ќе го обнови урнатиот дел од пазарот.

Loading