Дарителски пламен се запали кај бизнисмените и граѓаните

Донаторска конференција за црквата Света Петка во Точила

Третата донаторска конференција за иградба на црквата Света Петка во населбата Точила, што се одржа на празникот Водици, помина со донаторска еуфорија на учесниците. Неколку стотина прилепчани и бизнисмени силно  беа мотивирани да го одбележат времето како наследници на еснафската градба  на црквата Свето Благовештение пред повеќе од 170 години. Не жалеа средства на донаторскиот ручек, кој сите учесници  го плаќаа по околу 500 денари, плус даруваа по илјада денари. Неизгаслив беш пламенот во душите да се помогне, да се отворат вратите на православниот храм за празникот Свети Никола годинава и верниците да ги задоволат духовните потреби и да ја слушнат камбанат и милозвучнио глас на свештениците. Атмосферата предизвика бура од донации. Се подарија околу 52 илјади евра, а дел од дарителите поклонија материјали за градбата за околу шест илјади евра. Бидејќи оваа конференција на широкоградоста помина и во клима на богоугодие, го објавуваме списокот на дарители, со стремеж да поттикне и други донатори.

 

Loading