Двајца нови директори во монополот

Прекинато акционерското собрание на Туутнскиот Комбинат

Мнозинството акционери на собранието на Тутунскиот комбинат ја разреши членот на одборот на директори, Кети Благоеска и ја прифати оставката на членот на бордот Горан Кузески и ги именува за неизвршен директор Драган Василески и за извршен директор Панче Дамески во седумчлениот состав на бордот на директори на чие чело е Александар Дерменџиев на вчерашното годишно собрание. Акционерите ја одложија расправата за пакетот мерки за спас на компанијата без стечај и за финансиското работење во 2010 година за продолжението на собранието закажано за 25 јануари. Тутунски, кој е 72 отсто во државна сопственост, има загуба во 2010 година 30 милиони евра. Околу 90 отсто од обврските се за неплатени давачки кон државата. Според ревизорите, Комбинатот направил загуби од 5, 6 милиони евра во 2011 година. Менаџерите објаснуваат дека загубите се таложени со години, поради губењето на пазарите за пласман на тутун и цигари, застарената технологија, превработеноста и внатрешни организациони слабости. Во пакет мерките се нова конверзија на обврските кон државата во нејзин траен влог од околу 24 милиони евра и обезбедување помош за добивање на позајмици од државните јавни претпријатија за непречена исплата на тутунот од ланската реколта. Се бараат 2 милиони евра за современа технологија за ферментирање и пакување на тутунот и средства за заминување како технолошки вишок следниве 3 години на околу 380 вработени. Мегудругото, ќе се форсира реализацијата на договорот за лиценцно производство на две марки на цигари за кинескиот пазар за 900 тони цигари годишно.

Loading