Бизнис со љубов и традиција

Месни преработки Кутер

Во семениот бизнис на производство на колбаси и други сувомесни продукти е вклучена речиси целата фамилија, од сестрата, сопругата, на темелите на мајсториите на таткото Кирил

Колбаси и сувосмесни производи со традиција по рецептите на мајсторите на прославената српска месна индустрија Јухор се произведуваат во работилницата за месни преработки Кутер на младиот Влатко Миланоски. Тој е потомокот на семејството Миланоски, кое уште од дедо му ги познаваат тајните касапските колбаси усовршени со мајсторството на татко му, школуван во Светозарево. Дедо му на Влатко бил еден од првите касапи, а татко му Кирил, многу години бил учен мајстор за колбаси во кланицата на Центропромет. Според младиот газда, формулата на подемот се наоѓа во трудољубивоста, работата со љубов намерата да се понуди вкус за поширок круг на купувачи. Така се успева и расте во бизнисот. Тој бил клучот за нагорниот од на фирмата со шест вработени, која е семеен бизнис каде е вклучена целата фамилија, од сестрата, сопругата. По освојувањето на прилепскиот пазар, веќе се “фаќаат во мрежата на вкусовите” на колбасите и сувомесните преработки, и муштерии од околните градови, Битола, Крушево… Спојот на касапскиот занает и на производството од дедо на татко, од татко на син, има изгледи да продолжи, зашто и седумгодишниот син на Влатко покажува интерес за месните преработки. Енергичниот Влатко влегол во бизнисот, со педигрето зад себе, а пред себе со надградбата на марифетите за подготовка колбаси во средното училиште за месни преработки во Светозарево, каде се најдуваше најголемата “фабрика” за месни преработки во некогашната Југославија. Фирмата е од 1992 година. Не е трговија, туку производство.  Додека го печев занаетот, се роди идејата, оти почна да “дише на шкрги” Центропромет, каде работеше татко ми како мајстор за колбаси. Бев при крај со училиштето, а и државното замираше, па татко ми основа приватна фирма, со основна линија и машини. Ја отворивме работилницата само за домашни колбаси, и тоа дебели. Со времето, капацитетот од сто килограми дневно се прошири. Дуќаните нé прифатија. Полека го зголемувавме асортиманот и количините. Накусо, ги поврзавме традицијата и искуството на татко ми – се сеќава на почетоците 40 годишниот Миланоски. Откако тргнал по нагорна линија бизнисот, “откриле” дека е мал домашниот работен просторот во приземјето на семејнатата куќа. Простор најдовме во старите објекти на работилницата на месни преработки на УТРО Југославија во старата млекарница. Со посебните стандарди за прехранбени производи, го купиме објектот, погоден за сувомеснати производи, да работиме и чадени производи, како чаден бут, чаден врат, сланина, ребро… – вели Миланоски. Уште не се определиле да го зголемат асортиманот со полутрајни производи како виршли и салами, туку се ориентирани на таканаречените  печени преработки. Размислуваме за зголемување на производството, асортиманот и да вработиме повеќе луѓе. Не се стремиме бизнисот да го “тераме” кон индустрија, туку да задржи квалитет, кој е можен само ако остани работилница со шмек.

Колбаси за Василица

За празникот Василица, кога на секоја трпеза се најдуваат колбаси да се одржи адетот, секоја години се пуштаат во поголемо количество колбаси со сечкано месо, тенки колбаси и колбаси со праз, исклучиво чадени. Технолгогијата е стоотстотно безбедна. Колбасите првин се “печат”, па се чадат. Всушност, рецептите се од Јухор како реномиран и препознатлив вкус не само на колбаси туку ина други месни преработки.

Loading