На јаве каталогот за Музејот за тутун

Каталогот за експонатите на Музејот за тутун, испечатен на македонски и англиски јазик ќе доживее јаве. Во вторник ќе биде промоцијата на трудот на етнологот Александар Цветкоски. На 102 страници, преку збор и фотографии, е раскажана историјата и потеклото на бројните експонати. Интересни се “приказните” за лулињата, табакерите, бурмутиците, шанданите, наргилињата, пепелниците…, меѓу кои и  за единствениот пепелник во светот, “Софиските трудбенички”. Музејот располага со збирка од над 3000 експонати, уметнички дела, фотографии, макети на објекти од манипулација со тутун и дел арте предмети од тутун. Етаблиран е како привлечна туристичка дестинација, бидејќи експонатите се историјата на Македонија преку тутунот.

Loading