Аплаузи од нашинците и од прилепчаните во Корча, Албанија, доби монодрамата “Јас, Илија Димоски – Шаторо”, во изведба на актерот Трајче Иваноски, на шестиот фестивал “Албанска монодрама”. Ефтим Митревски е воодушевен што Македонците проследија монодрама на мајчиниот јазик. Многу добра изведба на Иваноски. Среќни и возбудени сме што го слушавме македонскиот јазик на албанска сцена. Ретко имаме можност, освен во местата со Македонци, да го говориме јазикот. Врските се продлабочуваат – посочи Митревски. Илија Димоски, по чија животна приказна е подготвена претставата, вели дека бил горд што нашинците во Албанија, преку претставата добијаа сознанија за неговото политичко дејствување. Инаку, монодрамата се прикажа на отворањето на фестивалот на монодрамата, на која учествуваа претстави од Полска, Бугарија, Косово, Албанија…