“Јунаците од бајките” за најмладите

Ансамблот на театарот ја подготвува новата детска претстава “Јунаците од бајките” во режија на Петар Димоски. Премиерата се очекува пред новогодишните празници. Најмладите ќе уживаат, оти многу ќе се пее и ќе се игра. Таа е еден вид детски мјузикл – вели Димоски. Улогите ќе ги толкуваат Игор Трпчески, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Јасмина М. Станкоска, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Милан Секулоски и десетина деца од младинската сцена. Кореограф е Кире Миладиноски, сценографијата е на Владимир Ѓорѓијески. За костимите е задолжена Бојана А.Трпческа, а за музиката Душко Темелкоски. Претставата се играла пред 17 години. Сега има ново видување на текстот со нови ликови – истакнува Димоски. Ова е четврта премиера годинава.

Loading