Планинарите кај валавиците

Патот под нозе и во поход на кориите и планините секој викенд е страста на околу педесетина планинари на П.Д. Картуш. Овојпат, низ демирхисарско, на лице место, се запознаа со традиционалното боење на дифтиците со валавици. Среќата ги послужила “откривајќи” ја техниката на валање на мајсторот Методија кај селото Речица. Последната тура испешачија околу 25 километри, од кај селото Куратица, месноста Дупен Камен, врвот Стане Плаке (1998 м.), па селото Плаке до Речица.

Loading