Џудистот Трајкоски ќе биде ветеринар

Најмалку една сличност има седмоодделенецот Виктор Трајкоски од ОУ “Кире Гаврилоски со рускиот премиер Путин. Нашиот Трајкоски станал, како Путин.”Мајстор” е по џудо по со шест години тренинг. Не само што е спортист, туку е “колекционер” на разни животни. Тој умешно ги поврзал љубовта кон фауната и спортот. Неспорно дека омилен предмет му е физичкото воспитување, но непомалку е “заробеник” на биологијата и математиката. И со другите предмети не е во “кавга”. Негува афинитети кон биологијата, оти сака да биде ветеринар, а физичко, да има кондиција за џудото. Планира да продолжи со џудото и да опаши “црн појас”, ама приоритет му е ветеринарството. После образованието ќе биде ветеринар кој нема да има “страв ниту од мечка”. Во слободното време слуша поп-рок музика. Обожавател е на покојниот Мајкл Џексон и на нашиот Тоше. Фан е и на актерите Клинт Иствуд и Џон Траволта. Сепак омилено му е шетањето со неговото милениче, кучето Мики од расата хаски. На интернет ги посетува страниците за животни, во потрага по стручна помош. Англискиот го “носи во малиот прст”, па му преведува и на татко му во семејниот бизнис.

Loading