Експерименти и салати

ВО ОУ “Гоце Делчев”

Во ОУ “Гоце Делчев”, “здодевниот” час по хемија со бројки, равенки и напамет научени соединенија, е заменет со интересен, но и едукативен процес на учење. Наставничката Кети Ристеска, на секој час, наоѓа време за експерименти да се види намената на соединенијата и нивните својства. Експериментите се преземаат од веб страницата и се одобрени од Министерството за образование, така што нема никаква опасност за безбедноста на учениците. Ристеска секогаш ги завршува експериментите со мало шоу, при што состојките подпукнуваат, прават звуци, испуштаат чад итн. Не забава, туку учење низ практика и со целосен сериозен приод -истакнува Ристеска. Одвреме на време, учениците добиваат таканаречени “хемиски авантури”. Децата сами доаѓаат до решението на загатката со посета на разни веб страници. За ученици кај кои хемијата се развила до ранг на пасија, постои секцијата на млади хемичари. Засега се 10 ученици, кои континуирано се подготвуваат за натпреварите по хемија.

Кралска трпеза

“Вештините за живеењето” е нов необичен предмет за основците. Учениците со големо задоволство совладуваат подготовка на кулинарски специјалитети, дури и за “кралски” трпези. Почнувајќи од салати, супи, главно јадење и, се разбира, десерт, учениците учат самостојно да готват јадења, да не им кркорат цревата, ако родителите не се тука, а при тоа внимателно управувајќи со домашните апарати и приборот.

Loading