Нашите фризери ја изненадија Македонија

Учениците од отсекот фризери од СОУ “Ѓорче Петров” ги освоија срцата на жирито и се закитија со награди на Саемот за Фризура во Битола, организиран од фризерската организација на Македонија. За покажаната инвентивност веќе се покнети на Саеми на фризури во Грција и Србија, каде ќе стекнат нови искуства, кои ќе им послужат за создавање фризерска кариера. Во дисциплината јуниори ги освоиле првите три места, а изненадување било тоа што организаторот им доделил и четврто и петто место, затоа што авангардните фризури биле одлично креирани за 30 минути. Ниту еден од учениците не останал без награда, оти се покажале како вешти фризери, небаре уметници, под водството на наставничката Стојне Христоска. Томислав Мелов, Ајрије Далиповска, Александар Миндев, Јасмина Колеска и Ѓорѓи Стојчески во дисциплината “пунџа” со долга коса, биле толку умешни, што организаторот, покрај првите три места, им поделил награди и за четврто и петто рангираните. Во лежерна клубска атмосфера со музика, фризовите се дотерувале по теркот на “Фешн ТВ”, но и со сопствен дух, иако се подготвувале само два дена.

Loading