Јата украсни птици на јаве

Околу 100 видови украсни птици и животни извадоа од домашните кафези неколку десетина одгледувачи на шестата државна изложба во ЦК “Марко Цепенков”. На видум беа скапи пауни, фазани, украсни пајки и гулаби, зајаци… Од здружението за заштита и одгледување на украсни птици и животни “Трагопан” велат дека претставиле ретките птици кои вредат и по неколку стотици евра, а целта е да се афирмира љубовта на одгледувањето на птиците. Пасионирани одгледувачи не само од Прилеп, туку и од Кичево, Битола, Гостивар и Тетово ги презентираа своите “колелкции” – вели Горан Илиоски, претседател на здружението Трагопан. Одгледувачите признаваат оваа пасијата не е ефтина. За храна на ретките птици се даваат 500 до 1000 евра, а мали се приходите од продажба – вели Илиоски. Во Прилеп има околу дваесетина одгледувачи на птици.

Loading