Незаборав и по четири години

Во чест на четири годишнината од прерано завршениот живот на нашата најголема музичка ѕвезда – Тоше Проевски, во неделата, 50-тина планинари од ЕПД ,,Картуш,, изведоа традиционален марш. Планинарите поминале низ селата Житоше и Селце (крушевско), родното место на Веле Марков, манастирот ,,Преображение,, до целта – вечното почивалиште на Тоше, каде положиле свежо цвејќе. Го посетиле и спомен домот на Проевски и се запишале во книгата на жалост.

Loading