ИЗЛЕЗИ МАЈСТОРЕ ПРАВО НА ТЕРАСА

Дејностите во чаршијата се менуваат како според времињата. Од некогашна бакалница, а можеби и тенекеџилница, до современ и модерен дуќан кој работи 24 часа. Во срцето на старата чаршија, прилепчани овој простор најповеќе го паметат како поранешна продавница за сувомесни производи, позната како Деликатес. Денес токму тука, на аголот од зградата и дуќаните кои водат кон градскиот пазар, се наоѓа модерна продавница кои некои ја викаат Тобако, Тугедар и уште којзнае како, а чии врати се отворени за купувачите дури 24 часа. Во неа сега дури се плаќале и комунални сметки и се добиваат патнички оригурувања. Имаат и автомат за готовина од една банка. А некогаш, тука еснафите го печеле занаетот и го ваделе лебот…. Излегол мајсторот опашан со унечката да го фати воздух, да ги протегне уморните нозе, свиткани над алатот или можеби да ја избрка пладневната дремка. Излегол пред дуќан, додека впечатливиот балкон зјае празен… Денешниве дуќанџии често се пред своите продавници. Но, не да ги намамат муштериите и им крепат чест уште невлезени, туку да ја задоволат страста за цигари.

Loading