МАРИЈА ЈА НАСЛЕДИ КАТЕ

Портпаролката на Локалната самоуправа Кате Китанов замина на породилно отсуство. Додека роднините и пријателите ја чекаат радосната вест за новата рожба, столчето на Китанов го наследи Марија Ташкоска. Таа веќе ја врши улогата на лице за односи со јавноста. На прилепската невеста со пробиштипско потекло, Ташкоска, која сега е гласноговорник во општинската зграда, í останува обврската да се справи со табиетите, посебностите на раководителите и со гостите во општинската зграда. Најтешко ќе í биде со новинарите, кои бараат навремено и точно информирање. Впрочем, како што и нејзе секогаш í беа итни податоците, кога беше дописник. А како е со новинарите, најдобро, на своја кожа има почувствувано портпаролката Кате, која наскоро во прегратките ќе го стисне своето чедо. За радосната вест, за машала за малото да расти големо, како што е редот, новинарите чекаат крофни. Не од пекарница, туку од дома.

Loading