Корзо тренира на Могила

Трета и општински лиги

Наближува денот кога ФК Корзо ќе добие свој терен, да не оди само на гости, во Големо и Мало Коњари, Тополчани. Почнаа тренинзите на игралиштето кај Могилата. Се чека само официјалното пуштање и одигрувањето на првиот првенствен меч. В недела е гостувањето кај конкурентот за врвот, Бабуна, во Велес. Останати од Трета лига: Млекар – Борец, Младост – Вардар, Г. Коњари – Кадино. Претходно: Корзо – Бирлик 5-0, Кадино – Бабуна 2-5, Илинден – Младост 2-0, Вардар – Млекар 3-1, Борец – Партизан 0-4. Табела: Корзо 19, Кожуф 17 бода. В недела (10 ч.) во А – Лигата, водечкиот Пролетер оди во Тополчани. Останати: Козара – Братство, Гарван – Боротино, Динамо – Обршани, Чепигово – Ц. Ѕвезда, Тризла – Кадица. Претходно: Пролетер – Тризла 2-2, Братство – Тополчани 0-0, Кадица – Чепигово 3-2, Обршани – Гарван 3-1, Боротино – Козара 1-2. Табела: Пролетер 13, Тризла 10. Во Општинска Б, недела (15 ч.): Беровци – Прилеп сити, Пелагонија – Варош, Слога – Канатларци, Илинден – Клепач. Претходно: Прилеп сити – Илинден 1-1, Клепач – Слога 2-8, Канатларци – Пелагонија 3-0, Варош – Беровци 3-0 сл. Табела: Слога 15, Прилеп сити 11.

Loading