Крстевски во Словенија

Уметникот Златко Крстевски деновиве учествуваше на најстарата сликарска колонија на Медитеранот “Екс темпоре” во Пиран, Словенија. Во друштво со над 300 сликари, Крстески ја пренесе својата инспирација од Истра. Создадов диптих, инспириран од црквата Св. Марија од 13 век, чувствувајќи го духот на едно време – посочува уметникот. Делата ќе бидат претставни на изложба во галеријата”Монфорт” во Порторож.

Loading