Цвеќе и песна за патронот

ОУ “Рампо Левката”

Со свечена програма учениците од ОУ “Рампо Левката” го одбележаа патрониот празник, покажувајќи знаења, вештини и талент. До израз дојдоа и кретивните идеи на професорите, координирани од менаџерските способности на директорката Соња Блажеска. Делегација од училиштето положи свежо цвеќе на бистата на херојот на Могилата на непобедените. Рампо Левката е народен херој, роден во Прилеп, на 9 јануари 1909 година, а на 19 септември 1942 година во околината на Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, бил убиен со фрлање во варџилница. Учениците и наставниците имаат идеални услови за работа во основното училиште. ОУ “Рампо Левката” е едно од 10 училишта, на чија училишна зграда извршена е промена на старата дограма со нова со проектот “Подобрување на условите за образование во основните и средните училишта во Прилеп”. Дел финансираа ИПА фондовите, а остатокот Министерство за образование и наука и Швајцарската агенција за развој. Вториот дел од проектот од околу 4,3 милиони денари е финансиран од локалната самоуправа. На стартот на второто полугодие од учебната 2010/2011 година, учениците добија реновирана спортска сала и соблекувални. Изградбата на нова фитнес сала и опремувањето со справи за вежбање е донација од неколку прилепски стопанственици. Останува уште доуредување на преостанатиот дел од училишниот двор.

Loading