Творечки подем на уметниците

По годишната изложба на ДЛУП

Пејзажи, апстрактни и комбинирани дела, акварели, скулптури, се дел од творештвото на прилепските уметници, изложено во галеријата. Со дела на втората годишна изложба се претставуваат Анита Сотироска, Маја Најдоска, Софија Грабулоска, Данче Настоска, Кристина Малинческа, Рада Тодорова, Марија Ѓорѓиоска, Бојана Артиновска, Вера Николоска, Наде Тоскоска, Бети Макеска, Борис Јованоски, Васил Костов, Емил Солески, Емил Димоски, Орде Стамболџиоски, Лепа Милошеска, Јордан Мицкоски, Сотир Христоски, Александра Богоеска, Љубен Ристески и Стеван Боцески, кои покажаа дека навистина биле креативни и инвентивни, создавајќи интересни творби кои предизвикуваат внимание кај љубителите на ликовната уметност.

Loading