Ревија на македонски играни филмови

Во ЦК “Марко Цепенков”

Од понеделник, 19 до 24 септември во Центарот за култура ќе се одржи ревија на шест македонски играни филмови, снимани од 1991 до 2010 година. Од 20 часот ќе може да се проследат “Преку езерото” во режија на Антонио Митрикески, “Тетовирање” во режија на Столе Попов, “Балканкан” во режија на Дарко Митревски, “Илузија” во режија на Светозар Ристески, “Прашина” во режија на Теона Митевска и “Јас сум од Титов Велес” во режија на Теона Митевска – Стругар. Центарот, ревијата на македонски игран филм, ја организира по повод 20 години независност на Македонија во соработка со Кинотеката на Македонија.

Loading