Европски услови за настава

Марјан Матракоски, советник за образование

Околу 12 илјади основци и средношколци, од кои 750 првачиња вчера, на почетокот на новата учебна година влегоа во реконструирани училишта. Општината се погрижи преку проектот од ИПАРД на ЕУ, со 400 илјади евра, да реконструира 10 училишни згради во градот и селата. Ја променивме надворешната столарија во Гимназијата “Мирче Ацев”, во СДУ “Орде Чопела”, во медицинското “Ѓорче Петров”, потоа во основните “Рампо Левката” и “Кире Гавриловски – Јане”. Не ги заборавивме ни училиштата во Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село, Старо Лагово, Тополчани, каде се поставени нови прозорци. Се променија и вратите каде беше полоша состојбата. Успеавме предвреме да се реконструираат зградите учениците да имаат подобри услови на први септември – вели Марјан Матракоски, советник за образоване во општината. За реконструкција одвои пари и општинскиот буџет. Со околу 1,7 милиони денари ја реновиравме старата зграда од ОУ “Климент Охридски” за децата со посебни потреби. Вложивме 2,5 милиони денари за новата фасада за ОУ “Добре Јованоски”. Дел од средства се насочија за парни котли. Во ова мешано училиште секоја година инвестираме. Пет милиони денари за Гимназијата, за скорешното реновирање на санитарните јазли, кои се во очајна состојба. Со дел од парите ќе се огради објектот за подобрување на безбедноста. Заеднички со УСАИД обезбедивме парни котли во ОУ “Блаже Конески”. Училиштата добиваат современи европски услови за подобри кадри – додава Матракоски. Претстои инвестирање во парно греење во ОУ “Кире Гаврилоски -Јане”, ќе се реновира внатрешно Гимназијата Се градат спортски сали и на повеќенаменските игралишта.

Монтажни училишта во три села

Во три населени места ќе се постават монтажни училишта. Во Беровци каде има над 20 ученици, во Галичани и во Чепигово. Објектите со 90 метри квадратни треба да бидат поставени за кусо време. Ќе имаат две училници, санитарни јазли, проторија за наставниците.

Гимназијата со нов директор

Гимназијата “Мирче Ацев” доби нов в.д. директор. Тоа е професорот по историја Кире Николоски. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Весна Михаилоска, професор по македонски јазик. Не е исклучено деновиве да има разрешувања и на други директори по училиштата и именување на нови.

Loading