Без вода по неколку часа неколку населби

Ако просечно пред неколку дена прилепчани трошеа по 500 литри вода во секунда, сега “пијат” околу 380 литри. Тоа покажува дека станале штедливи и посовесни. Од ЈКП Водовод и канализација (ВИК) апелираат на рационално користење на водата за пиење, без полевање бавчи и миење дворови. ВИК е принуден да исклучува одредени населби по 2-3 часа. Попладне има мали редукции во Тризла 2, Сточен пазар и Ново Лагово – вели Саше Николоски, директор на ВИК. На штрек се и бунарите, кои се тестирани, и, доколку има потреба, може да се вкучат во системот со дополнителните количества вода. Бидејќи дарежливоста на Студенчица се намалува и е околу 900 литри вода во секунда, потребно е поголемо штедење, оти Прилеп е краен корисник на регионалниот водовод.

Loading