АЛАРМАНТНА НЕГРИЖА ЗА ЈАЗИКОТ

Јазичен контра – агол на книгата “ …агол “ од авторот Благоја Ивчески

Авторот на “Јазичен агол” во предговорот на книгата вели: “Им благодарам на сите кои ќе ги откријат (отријаат?) грешките и ќе ги забележат. Станува збор за отпечатени написи поместени во неделникот “Зенит” и објавувани во периодот од 2009 – 2011год. Драги г. Благоја Ивчески, твојата благодарност за евентуалните забелешки, доволно го потврдува моето длабоко убедување дека Ти си во моментов најголем борец за зачувување на македонскиот литературен јазик од влијанијата надворешни, во кои се насетува некаков притисок постепено да се изопачи нашиот литературен јазик до граница да се преобрази и да исчезни. Му се восхитувам на Твојот патриотизам (“ако исчезне јазикот, ќе исчезне идентитетот, ќе исчезнат Македонците и сé што следува…”) и на твојата упорна борбеност да останеме тоа што сме биле и тоа, за жал, од времето на робувањето на македонскиот народ, останало искажано во една стара македонска патриотска песна: “Народе македонски, не знаеш кој си и што си – други тебе те знаат…”. Во овој вовед сакам, пред во Твојата книга, да барам “во јајцето влано”, колку да ги задевнам авторите на предговорите: режисерот Бранко Ставрев и лекторот Василка Аневска. Првиот сака да ги идентификува Ивчески и Хигинс, лик од драмата на Шо, со што прави една “непринципиелна коалиција” (а ла Тупурковски), а јас воопшто не ја потценувам апсолутно посветеноста на Ивчески да навлезе подлабоко во тајните на Толковниот речник и научните трудови од областа на лингвистиката. Ставрев со една мисла јасно прецизира што треба да се направи во борбата за зачувување на македонскиот литературен јазик: “Па, господа, лектори засучете ги ракавите! Но за жал, пораката останува без одговор: дали ги имаме, дали си го знаат занаетот, дали ги ангажираме, плаќаме… “Острилата” од Аневска, која има лекторско искуство од Центарот за печат, радио и ТВ – Прилеп, имаат поголема сила “(не) земајте му е (ја) душата на македонскиот литературен јазик”. Точно е дека уличниот вулгарен (“битпазарски”) јазик навлезе во сите категории при комуникациите, со што алудира дека негрижата за јазикот е веќе алармантна.

Иван Пипиџаноски, професор во пензија

Loading