ОМИЛЕНИ МАЈМУНИ

Зоолошката градина буди спомени. Зашто, првите сознанија со животинскиот свет “во живо” се стекнувале во зоолошката градина, покрај магарињата и коњите, одгледувани во домашните пондила. Повеќе од три децении се исчезнати мајмуните, лавовите тигрите, волците и мечките од кафезите во зоолошката градина, која се најдуваше во населбата Али чаир, на крајот од градот. Покрај меморијата и по некоја фотографија од училишните прошетки до градината, и сега стои камениот дом на мечката, да сводочат за периодот кога децата имаа можност на “лице место, преку жица да се видат очи в очи” со непознати животни, гледани само по слики. Не се паметат инциденти со животните. Иако се знае дека најомилени беа мајмуните, оти умееја да подаваат раце за семки или леб. Но, лавовите и тигрите никој не ги задеваше, оти кон нив имаше стравопочит. На нехигиена алудираа волците, а на мудрост лисиците. Мечката симболизираше корпулентност. Предизвикуваше восхит останатиот див свет зад решетките, заедно со мноштвото птици. Како и да е, се задоволуваше љубопитноста не само на децата, туку и на возрасните со животните не само од Европа, туку и од Африка, Азија, па и Јужна Америка.

Loading