НА ЛАДЕЊЕ ВО ФОНТАНА

По двочасовниот успешен настап на Пивофестот, членовите на белградската група Ванг Гог завршија во фонтана. На звуците на песната “Вондерфул лајф” пред бројната публика, влегоа во фонтаната пред Комерцијална банка до која и беше поставена сцената. Се капеа облечени, а еден од бендот, ги турна фармерките и во боксерки уживаше во прскалките. А на ладната вода и разладувањето што го даваат водоскоците од фонтаната, не можеа да оддолеат ниту група деца. И тие во фонтаната го најдоа спасот од тропските температури, како белградскиот бенд. Лете фонтаната пред Комерцијална банка не е само градски декор, туку е одличен разладувач за вжештените пејачи и дел од децата од населбата Тризла.

Loading