КИНЕЗИТЕ ЌЕ ПУШАТ ПРИЛЕПСКИ ЦИГАРИ

Тутунскиот комбинат ќе произведува лиценцни цигари за Кина. Директорот на Тутунскиот комбинат Александар Дерменџиев потврди дека во Охрид потпишал договор со две големи кинески компании на цигари за трикратен раст на продукцијата на Комбинатот. Станува збор за лиценцно производство на цигарите “Јин – Јин” и “99”. Очекуваме дае завршат техничките подготовки и за два – три месеци да почне производството и пласманот – изјави Дерменџиев, не прецирајќи ги количествата цигари за извоз. Првиот човек на Тутунски е оптимист, оти имало изгледи за продлабочување на соработката. На полето на пласманот на ферментиран тутун, продолжуваат напорите за воспоставување деловна соработка со кинески компании. Тутунскиот комбинат е еден од четирите македонски државни загубари, покрај ОХИС од Скопје ЕМО од Охрид и прилепски Еурокомпозит.

Loading