КАРИКАТУРИ ОД БУГАРСКИ АВТОРИ

Вечерва во ЦК “Марко Цепенков”

Изложба со 40 карикатури од четворица бугарски автори ќе биде отворена од вечерва од 20.30 часот во галеријата на Центарот за култура. Првпат се претставуваат Чавдар Николов, кој објавувал во повеќе бугарски списанија и во британските “Гвардијан” и “Private eye”, Алла и Чавдар Георгиеви, кои се носители на над 30 национални и меѓународни награди за карикатура и Љубомир Михајлов, кој работи во областа на графичкиот дизајн и илустрацијата. Центарот ја реализира изложбата во соработка со Културно информативниот центар на Бугарија во Македонија.

Loading