КАНДЕЛАБРИ ОД СКОПСКА ПИВАРНИЦА

Новите стилизирани канделабри во централното градско подрачје и во паркот пред зградата на општината се донација на Пиварница “Скопје” во пресрет на отворањето на годинешниот Пивофест. Мисија на компанијата, покрај континуираното создавање на брендови со неприкосновен квалитет, е да бидеме и одговорен граѓанин во заедницата на која и припаѓаме. Донација претставува исполнување на трајната определба да покажеме интерес за потребите на граѓаните и да дејствуваме во согласност со нив – изјави Лиза Поповска, финансов директор во Скопската пиварница. Повеќето од канделабрите се поставени, а останатите ќе се распоредат во внатрешноста на паркот по завршување на фестивал. Подарокот за градот претставува убав пример како бизнисот и локалната самоуправа можат заеднички да придонесат за задоволство на граѓаните – рече градоначалникот Марјан Ристески. На примопредавањето на донацијата, црвената лента беше заменета со балони.

Loading