ГРОБНИЦИ ЗА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА

Екипата на Заводот и Музеј под раководство на археологот Душко Темелкоски ги заврши археолошките истражувања на гробниците од македонски тип на локалитетот Кукул. Не се откриени значајни наоди, бидејќи биле ограбени, но, според Темелкоски, се единствени и атрактивни појави. Комплетно истраживме две гробници вдлабени во карпа од “македонски тип”- “Визбата” и “Горни чаир”. Не пронајдовме повредни движни наоди. Тоа е знак дека двете гробници и некрополите биле ограбени одамна. Поради специфичен начин на градба и заради тоа што гробниците се интересни, во иднина може да се вклучат во туристичката културна понуда на градот. Истражувањата се основа за уште 20 други гробници, евидентирани во прилепскиот дел од Пелагонија – вели Темелкоски. Пронајдени се делови од уште една некропола со гробови преградени со камени плочи, како и делови од две некрополи со гробови вдлабени во карпа. Добиена е претстава за овие начини на погребување во рамките на античките епохи во кои егзистирал локалитетот “Кукул – Баба”.

Loading