ИВАНОВ И РИСТЕСКИ НА КАФЕ МУАБЕТ ВО ВИРУС

Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонија со градоначалникот Марјан Ристески минаа еден час во кафе муабет во кафетеријата Вирус. Претседателот, иако во официјална облека, изгледаше дека му годат муабетите. Пред тоа, домаќинот не се штедеше, набрзина да го претави градот на високиот гостин за кусото време. Низ метежот на пазарната сабота му ја раскажа приказната за градбата на градската саат кула и му го долови мајтапџискиот дух на чаршијата. Многумина дуќанџии имаа прилика да се поздрават со Иванов.

Loading